1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахтисари на Косово

Зулфија Јакупи24 август 2006

Специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово, Марти Ахтисари денеска ја продолжува посетата на Косово, со обиколка на три спрски општини на северот на покраината, а се очекува и уште една негова средба со преговарачкиот тим на Косово. Вчера Ахтисари и косовската преговарачка екипа не успеаја да ги приближат ставовите околу проблемот на децентрализацијата во покраината. Главниот преговарач на ОН

https://p.dw.com/p/AdiJ
Марти Ахтисари досега не сака да дава изјави
Марти Ахтисари досега не сака да дава изјавиФотографија: AP

�а Косово, кој досега не дал изјава за јавноста, вчера разговараше и со претставниците на косовските Срби.

Преговарачкиот тим на Косово остана на ставот околу бројот на новите општини со српско мнозинство, изјави косовскиот претседател, Фатмир Сејдиу, по двочасовната средба на преговарачката екипа со специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово, Марти Ахтисари.

“Имавме дебата која е дел од досегашните преговори во Виена. Го пренесовме нашиот став за бројот на новите општини, кој што е фиксен и за кој што немаме друг став“, рече Сејдиу, додавајќи дека е оставена можностза проширување на катастарските зони за општините Грачаница и Ново Брдо. Сејдиу не прецизираше дали ставовите со Ахтисари се приближени, но нагласи дека косовската страна ќе ги почитува меѓународните стандарди кога станува збор за меѓуопштинската соработка и заштитата на кутлурното и верското наследство.

Преговарачкиот тим на Косово предлага формирање пет нови општини со јасно српско мнозинство и проширување на една веќе постоечка, додека Белград настојува на формирање 12 нови општини. Лидерот на Српската листа за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ, по разговорите со Ахтисари рече дека нивните ставови се многу блиску до ставовите на белградскиот преговарачки тим и додаде дека специјалниот пратеник на ОН ги сослушал нивните предлози и заклучено е дека децентрализацијата на извесен начин треб ада се одвои од прашањето на статусот , т.е. дека барем нејзините контури треба да се најават пред решавањето на прашањето на статусот на покраината.

“Многу е важно да бидат формирани нови општини, но исто така е важно одговорностите, односно овластувањата кои ќе ги имаат новите опшптини да ги покријат сите сфери за кои што се заинтересирани Србите – примарно и секундарно школство, примарно и секундарно здравство, социјална политика и извесно влијание врз приватизацијата, стопанисување со јавни претпријатија и јавни површини на територија на оппштината и она што исто така е важно – локално судство и полиција , значи извесно влијание врз изборот на кадрите и нивното дeјствување.“