Ахмети: Решение на спорот со името ќе го отвори патот за НАТО и ЕУ
5 јуни 2010На одбележувањето на осумгодишнината од формирањето на ДУИ, Ахмети рече дека партијата за решавање на политичките и останатите сериозни состојби се заснова на програмските начела - нема друга алтернатива освен зачленувањето во НАТО и ЕУ, целосна рамноправност меѓу Албанците и Македонците, како гаранција за стабилноста и развојот на државата, секуларност како здрава основа за градењето на толерантните меѓуверски односи и на развојот на целосна, сеопфатна и правична демократија.
Али Ахмети на одбележувањето на годишнината во Гостивар, уште рече: „Сме инвестирале и продолжуваме со истата посветеност за добри меѓуетнички односи, како гаранција за внатрешната стабилност на државата. Секое поинакво постапување, што ќе внесеше раздор меѓу етничките заедници, воведувајќи дух на меѓуетничка и меѓуверска нетолеранција, ќе беше удар и врз духот на Охридскиот рамковен договор. Заедно со нашиот партнер во владата правиме се` за да не се случи тоа и ние напредуваме заеднички во создавањето услови за избегнување секој момент, или ситуација, која што би не‘ одалечила од успешното управување во соочувањето со глобалните размери на финансиската криза.“
Автор: Свето Тоевски
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска