1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

241011 Schuldenkrise Italien Griechenland

25 октомври 2011

Европските кредитни институции мораат во иднина да поседуваат повеќе сопствен капитал за да бидат подготвени за отпишување на дел на долгот на Грција, кој ќе испадне значително поголем отколку што се очекуваше.

https://p.dw.com/p/12yK4
Фотографија: picture-alliance/dpa

На берзата во Атина во понеделникот за акциите на банките имаше само една насока: надолу. Инвесторите стравуваат дека при отпишување на дел од долгот ќе има значително поголеми загуби кај грчките државни обврзници отколку што се очекуваше. Доверителите досега сакаа доброволно да се откажат од 21 насто од нивните побарувања кон грчката држава. Сега политичарите дискутираат за преку 50 проценти:

„Ужасно- со еден збор кажано. Имаме ситуација на евро систем на заедничка валута кој се распаѓа“, вели Јанис Варуфакис, финансиски аналитичар од Атина.

Растат стравувањата и за Италија

Ситуацијата не е воопшто подобра ниту во Италија, уште едно проблематично дете на Европската унија. Државата има долг 1,9 билиони евра, што е 120 проценти од вкупното остварување на економијата. Земјите од еврозоната веќе проверуваат дали спасувачкот фонд ЕСФС може да ги откупи италијанските државни обврзници- превентивно за да се поддржи Италија. Доколку третата по големина економија во еврозоната биде приклештена од должничка криза, се стравува дека повеќе нема спас. Италијанската влада предводена од премиерот Силвио Берлускони одржа кризна седница. Договорено е зголемување на границата за пензионирање на 67 години. Прв чекор за стабилизавија на државните финансии, но не и повеќе.

Krise Euro Italien Dossierbild 1 von 3
Фотографија: picture alliance/dpa

Автор: Дан Хиршфелд/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска