1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аселборн: можни подобрувања кај стандардите за Косово?

25 април 2007

Така евентуално би можеле да се убедат Русите и пред се’ Србите да го прифатат планот на Ахтисари

https://p.dw.com/p/AdfL
Жан Аселборн
Жан Аселборн

Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн искажа надеж дека делегацијата за утврдување на фактите, која престојува на Косово, ќе ја утврди вистинската состојба на работите. Тој изрази уверување дека потоа ќе биде можно да се наведат Русија и пред се’ Србија да го прифатат планот за надгледувана независност на Косово. Посебно ако во него се извршат некои подобрувања кај стандардите.

“На пример, да се оди уште подалеку во заштитата на малцинствата. Согласност сигурно ќе се постигне и околу заштитата на верските објекти. Можеби би можело да се проба малцинствата на Косово да бидат уште подобро заштитени, отколку што предвидува планот на Ахтисари. За тие работи би требало да се дискутираи да се види каде има уште простор за промени.

Но, не верувам дека е проблемот во тоа, туку пред се’ дека Србите се уверени дека ние како меѓународна заедница немаме право сега да му дадеме статус на Косово. А статусот не е независност, туку контролирана независност на одредено време, па потоа би се видело како би се развивало тоа. Проблем е што Србија на сето тоа гледа поинаку и што во моментов и Русија на тоа гледа поинаку. Ни Белград, ниту Русија, но пред се’ Русија, меѓутоа, немаат речиси никаква алтернатива на она што е предложено, туку велат дека мора да ја продолжиме расправата. Тоа е нивната алтернатива на она што ние го сакаме – во наредните месеци да дојдеме до некој заклучок” – изјави Аселборн за Дојче Веле.