Арифи: Избори во тензична ситуација не решаваат ништо
2 февруари 2011Груевски и Ахмети ја разгледале и опцијата за предвремени избори, но за ДУИ е приоритет враќањето на опозицијата и создавање дијалог за надминување на отворените прашања.
„Македонија се наоѓа во политичка криза, кога опозицијата не ви е во Парлементот, кога една од главните телевизии емитува вести на отворено, на минус десет степени... Разврската на таквите политички кризи е исклучиво преку дијалог, значи мора да се седне со опозицијата, да се праша кои се нивните политички барања и секако да се најде компромисен договор кој и неја ќе ја врати во Собранието, а секако и новинарите ќе ги врати таму каде што им е местото, во телевизијата“, изјави синоќа Теута Арифи, потпредседател на ДУИ.
Таа во интервју за ДВ кажа дека според ДУИ, прво треба да се реши спорот со името, а потоа да има избори. Избори во тензична ситуација, со куп нерешени прашања, според Арифи, само би донесле тензични избори, а ништо не би се решило од главните прашања во државата.
Автор: Александар Чомовски
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска