1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Апсења на анти-Ковид протестите во Берлин

ЖА / агенции
2 август 2021

Илјадници луѓе, и покрај забраната, вчера во Берлин демонстрираа против корона-мерките. За време на протестите починал 49-годишен маж, а брутално е нападнат претседател на новинарско здружение.

https://p.dw.com/p/3yQ3v
Demonstrationsverbot in Berlin I Querdenker
Фотографија: Fabian Sommer/dpa/picture alliance

На протестите против рестриктивните корона-мерки во Берлин колабирал 49-годишен маж, кој потоа починал во болница. Според полицијата, тој учествувал во демонстрацијата на т.н. „поинакви мислители“, а не бил од Берлин. За време на проверката на неговите лични документи од страна на полицијата, се пожалил на болки и стегање во раката и градите, по што веднаш му била пружена итна помош од полицајците додека стигнало амбулантно возило. И покрај брзата лекарска интервенција, лицето починало, случајот го презел државен обвинител, денеска ќе се врши обдукција.

-повеќе: 

КјуАнон и корона: Теориите на заговор земаат замав

Германија дискутира: Каков да биде односот кон анти-корона протестите?

Анти-корона протести: Гневот се истура врз новинари 

Без оглед на забраната на повеќе демонстрации, меѓу кои и од таборот на скептичарите и корона негаторите, како и антиваксерите, околу 5.000 илјади луѓе излегоа вчера на улиците на Берлин, а во повеќе наврати дојде и до судири со полицијата. Според полицискиот портпарол Тило Каблиц, уапсени се околу 600 лица, најголем дел од учесниците на протестите не се придржувале кон пропишаните мерки за заштита против коронавирусот.

Demonstrationsverbot in Berlin I Querdenker
Дел од учесниците на протестите против Ковид-мерките во БерлинФотографија: Christian Mang/REUTERS

Новинарските здруженија изразија огорченост поради брутален напад врз претседател на покраински огранок на новинарско здружение и синдикалец од страна на демонстрантите. „Длабоко сме погодени и се солидаризираме со нашиот колега, кој од ланската година ги следи протестите на т.н. ‘поинакви мислители', застапувајќи се за слободата на медиумите“, изјави Моник Хофман. Покраинскиот претседател на новинарското здружение во Берлин Бранденбург и синдикалец, Јерг Рајхел, според извештај на „Тагесшпигел“ бил турнат од неговиот велосипед од страна на учесници во забранетата демонстрација, по што бил удиран и клоцан.

Само благодарение на интервенција на минувачи напаѓачите го пуштиле Рајхел, а поради здобиените повреди морал да  биде пренсен во болница. Според синдикатот Вер.ди и неговото новинарско здружение, Рајхел со месеци е мета на закани кои доаѓаат од сцената на противниците на корона-мерките и „поинаквите мислители“. Неговото име и фотографија курсираат преку канали во Телеграм, но Рајхел не дозволил да биде застрашен и продолжил да ги следи демонстрациите и да ги поддржува новинарите во непреченото известување од нив.