1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алтман "Западниот Балкан има европска перспектива"

7 ноември 2006

ЕУ утре треба да го објави годишниот извештај кој ќе содржи оценка околу напредокот на земјите од Западен Балкан и Турција. Во него ќе биде содржана и оценка за напредокот на Македонија, односно дали земјата е подготвена за почеток на преговори за членство со Унијата. Франц Лотар Алтман од институтот за надворешна политика и безбедност во Берлин, не зане точно што содржи извештајот, но лично смета дека земј

https://p.dw.com/p/AdhL
Франц Лотар Алтман
Франц Лотар Алтман

ите од Западен Балкан имаат европска перспектива

Европската перспектива за земјите од Западен Балкан според Франц Лотар Алтман посебно ја истакнала и германската канцеларка Ангела Меркел во интервјуто за весникот Зидојче Цајтунг, која изјави дека ЕУ не може да ги прими сите соседни земји, но затоа мора да одреди начин на соработка со нив. Алтман вели дека тоа не се однесува и на балканските држави:

“ Во интервјуто за Зидојче Цајтунг, Меркел јасно кажа дека на сите земји од западен балкан треба да им се даде европска перспектива бидејќи во спротивно ќе пропаднат сите напори за стабилизација на регионот. Тоа значи дека европските перспективи за Западен Балкан се многу важни и дека тоа така мора да се прифати. Морам да кажам дека Меркел со изјавата предизвика забуна, кога рече, цитирам “ дека ние не можеме сите земји да ги примиме во членство и дека мораме да спроведуваме амбициозна политика кон соседите. Тоа се однесува на земји како на пример Украина или Молдавија. Кога станува збор за западниот Балкан, ветувањето е веќе на маса и кај нас во Берлин јасно се гледа нужноста од европски перспективи за западниот Балкан“

Алтман е заинтересиран за оценката за земјите од регионот, посебно во однос на Македонија

“ Додека за Турција протекоа одрдени информации, за Балканот се знае малку. Мене посебно ме интересира што ќе содржи одговорот во делот за Македонија, која очекува да добие датум за преговори за членство во ЕУ. Мислам дека Комисијата тука ќе биде и натаму воздржана. Инаку се работи пред се за процес за стабилизација и асоцијација кој треба и натаму да се поттикнува. Што се однесува до Србија и БиХ ќе се бара исполнување на условите за соработка со хашкиот трибунал како и спроведување на политички реформи во Србија“ вели Франц Лотар Алтман