20 април 2024
Реклама
Ива Зафировска, која во Ковид-пандемијата се обучи за звучен терапевт, го изведува звучното патување со сет на необични инструменти:
„Звукотерапијата се изведува со повеќе инструменти како кристални садови, кристални ѕвончиња, океански тапан, дождовниот стап, кристалната вилушка и гонг. Исто така може да има и други инструменти како флејта и џариду“, набројува таа.
Со моќта на звуците од инструментите се стигнува до медитација. Во таа трета состојба на свест, меѓу сон и јаве, телото се ослободува од секојдневниот стрес:
„Помага за опуштање на мускулите, за несоница, ја засилува интуицијата и исто така ни помага да се наполниме со нашата енергија и да се сакаме повеќе.“
Како да го слушнеме внатрешниот звук? Погледнете во видеото!