1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Знаци на надеж по големата катастрофа на Мауи

СН/агенции
14 август 2023

По денови полни со лоши вести, претпазливи знаци на надеж доаѓаат од Хаваи. Со 93 потврдени смртни случаи, шумските пожари на Мауи, меѓутоа се една од најсмртоносните природни катастрофи во историјата на САД.

https://p.dw.com/p/4V7mU
Малото градче Лахаина на Мауи со 13 илјади жители е речиси целосно уништено од шумските пожари
Малото градче Лахаина на Мауи со 13 илјади жители е речиси целосно уништено од шумските пожариФотографија: Hawai'i Department of Land and Natural Resources/REUTERS

Состојбата со разорните шумски пожари во американската сојузна држава Хаваи малку се смирува. Властите во областа Мауи во неделата попладне (по локално време) известија дека сè поголеми делови од пожарите се под контрола. Посебно катастрофалниот пожар околу малиот град Лахаина на западниот дел на островот сега е 85 отсто локализиран.

Бројот на потврдени смртни случаи во шумските пожари во Мауи сега изнесува 93, што го прави најсмртоносен шумски пожар во САД по повеќе од сто години. Џош Грин, гувернерот на Хаваи, смета дека бројот на мртви би можел значително да се зголеми како што минува времето.

Потрагата по жртви во Лахаина продолжува. Целосно истражени се само три проценти од опустошеното место.
Потрагата по жртви во Лахаина продолжува. Целосно истражени се само три проценти од опустошеното место.Фотографија: Rick Bowmer/AP Photo/picture alliance

Размерите на штетите станаа појасни во текот на викендот, бидејќи тимовите за потрага со кучиња за трупови ги пребаруваа урнатините на Лахаина, четири дена откако пожарот го срамни со земја историското одморалиште, уништувајќи згради и топејќи автомобили.
Во засолништето за итни случаи во Воениот меморијален комплекс на Мауи, стотици евакуирани продолжија да се собираат, добивајќи храна и медицинска помош од постојано растечкиот број волонтери.

Размерите на уништувањето во Лахаина
Размерите на уништувањето во ЛахаинаФотографија: Rick Bowmer/AP/dpa/picture alliance

Трошоците за повторна изградба на Лахаина се проценуваат на 5,5 милијарди долари, соопшти Федералната агенција за управување со вонредни состојби,  додавајжи дека повеќе од 2.200 објекти се оштетени или уништени и изгорени се повеќе од 850 хектари.
Официјалните лица ветија дека ќе ги испитаат државните системи за итни случаи откако некои жители прашаа дали можело да се направи повеќе за да се предупредат луѓето пред пожарот да ги зафати нивните домови. Некои биле принудени да влезат во Тихиот Океан за да избегаат од пожарите.

Гаснењето на пожарите на островот Мауи продолжува. Голем дел од нив се сега ставени под контрола
Гаснењето на пожарите на островот Мауи продолжува. Голем дел од нив се сега ставени под контролаФотографија: Rick Bowmer/AP/dpa/picture alliance

Сирените поставени околу островот - наменети за предупредување за претстојните природни катастрофи - воопшто не се огласиле, а распространетите прекини на струја и на мобилните мрежи ги попречуваа другите форми на предупредување.
Државната обвинителка Ен Лопез рече дека ќе започне истрага за донесувањето одлуки пред и за време на пожарот.