1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жената со големо срце за бездомните кучиња

Арбнора Мемети
12 февруари 2024

Северна Македонија нема официјални податоци за бројот на бездомни кучиња. Додека нивниот број на улиците секојдневно се зголемува, државата не успева да го открие и третира изворот на проблемот. Во отсуство на вистинско решение, речиси секоја година од државна каса големи суми се одлеваат за отштета на нападнатите граѓани.

https://p.dw.com/p/4cAlX

Секое утро, во исто време и на исто место, бездомните кучиња чекаат Ајетја Реџеповиќ да им однесе храна: „Во 8.30-9.00 сум на улица. И тие го научија тоа. Веројатно е љубов. Не знам, многу ме боли што се на улица, на дожд, снег и град, малтретирани од луѓе, болни. Тие се како деца, чекаат. Како да не одам?”

Со својата актерска пензија Ајетја се труди да ги покрие нивните потреби. Дневно дели околу 30 килограми храна на 7 локации во општина Бутел. Покрај тоа, им обезбедува и медицинска помош:

„На улица сум повеќе од 30 години. Ги наоѓам во ужасна состојба. Им давам лек. Ги испраќам да се вакцинираат, стерилизираат. Сето ова сама го правам“, вели актерката во пензија, која е и активистка за правата на животните.

ЈП Лајка е единствената институција за третман на улични кучиња во Скопје. Кастрирање и враќање на локацијата каде што е најдено кучето засега го гледаат како единствено решение:

 „За жал, кучиња на улица има постојано. Затоа што во моментов, во нашата држава, изворот на нови кучиња никој не го третира. Имаме мали казни за неодговорни сопственици, кучиња масовно се напуштаат зашто овие сторители никој не ги казнува”, вели Радмила Пешева, директорка на ЈП „Лајка“.

Во меѓувреме, бројот на кучиња расте, исто како и бројот на нападите. А државната каса се празни поради исплатата на илјадници евра отштета.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема