1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСирија

Прв конвој со помош на ОН за северозападна Сирија

СН/агенции
10 февруари 2023

По силниот земјотрес, ситуацијата за луѓето во Сирија е крајно драматична. Првиот конвој со меѓународна помош сега пристигна во регионот. Меѓутоа, за оние кои се уште се затрупани, помошта веројатно доаѓа предоцна.

https://p.dw.com/p/4NJyF
Камионите со хуманитарна помош на ОН за настраданите во земјотресот во Сирија на граничниот премин Баб ал-Хава во Турција
Камионите со хуманитарна помош на ОН за настраданите во земјотресот во Сирија на граничниот премин Баб ал-Хава во ТурцијаФотографија: OMAR HAJ KADOUR/AFP

Првиот конвој со помош на Обединетите нации по земјотресот пристигна во северозападна Сирија, подрачје кое е под контрола на бунтовниците и на Турција, соопштија од ОН.

Помошта влезе на преминот Баб ал-Хава од Турција која заедно со Сирија на 6 февруари беа погодени од разорен земјотрес. Меѓународната организација за миграција соопшти дека во 6 камиони се испратени душеци, ќебиња, шатори, опрема за прва помош и соларни светилки за околу 5.000 луѓе.

Хуманитарната помош во бунтовничките области во Сирија сега се испраќа од Турција преку граничниот премин Баб ал-Хава, а турските власти соопштија дека работат на отворање на уште два гранични премини.

Аја, „бебето чудо“ родено под урнатините во Сирија

Во областите кои ги контролира сириската влада авиони со хуманитарна помош слетуваат во Дамаск, Алепо и во Латакија. Помош почна да пристига од Обединетите Арапски Емирати, Русија и од Иран. Сирија е под санкции од западните земји, така што од нив не пристигнува помош во подрачјата под контрола на владата во Дамаск.

Во разорниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот во Турција и во Сирија загинаа над 21.000 луѓе, соопштија претставниците од двете земји.