1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Зеќири сведочеше против Рашковски за набавката на софтвер

ДТЗ
28 септември 2022

Двајцата поранешни генерални секретари во Владата денеска се најдоа во иста судница на рочиштето за незаконска набавка на софтвер за биометриска идентификација.

https://p.dw.com/p/4HStc
Dragi Raskovski Generalsekretär nordmazedonische Regierung
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Двајца поранешни генерални секретари во Владата денеска се најдоа во иста судница на рочиштето за незаконска набавка на софтвер за биометриска идентификација.Драги Рашковски како обвинет, а неговиот наследник во Владата, Мухамед Зеќири како сведок во случајот зборуваше за ингеренциите на Владата. 

Зеќири, против кого се води истрага за друг случај и е во куќен притвор, сведочеше против Рашковски, укажувајќи дека не бил запознаен со софтверот за определување на просечна брзина и одредување на казни.

Тој одговарајќи на прашањето на обвинителката Ивана Трајчева, рече дека „не постои одлука на Владата за набавка на софтверот“. Зеќири потенцираше дека Владата не може да изрекува казни и определува просечна брзина. Кога се набавува софтвер за друга институција, според него, тогаш треба тоа да биде побарано, па потоа да се донесе одлука на Влада и да се направи примопредавање. 

Обвинителката се интересираше дали бил запознат со металните кабини кои биле набавени од Рашковски за систем за биометриска идентификација во Владата. Зеќири рече дека за тоа разбрал кога добил барање од обвинителството.

„Ако не грешам имаше комисија, беше утврдено каде се наоѓаат и беа прикажани слики. Тие биле во просториите на стаклара и прашав зошто не се во Влада, а ми кажаа дека се големи и нема каде во Владата да се складираат и затоа се сместени таму“.

Претходно сведочеше и поранешниот директор на дирекцијата за заштита на лични податоци, Горан Трајковски, кој рече дека го предупредиле Рашковски за употребата на софтвер за обработка на биометриски податоци. Набавката на софтверот за биометриска идентификација е еден дел од обвинението против поранешниот генерален секретар на Владата, кое опфаќа и набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци. Рашковски се гони за злоупотреба на службена положба и овластувања и перење пари.