1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Киев сака да купи уште 300.000 дронови

СН/агенции
1 мај 2024

Војната во Украина се повеќе станува војна со беспилотни летала. Претседателот Зеленски ветува дека побрзо ќе обезбеди снабдување со оружје на украинските трупи на фронтот, кои се под засилен притисок.

https://p.dw.com/p/4fNoX
Украински војник управува со мал ФПВ дрон со кој украинските трупи фрлаат експлозивни направи врз руските позиции
Украински војник управува со мал ФПВ дрон со кој украинските трупи фрлаат експлозивни направи врз руските позицииФотографија: Wolfgang Schwan/AA/picture alliance

Според претседателот Володимир Зеленски, Украина мора побрзо да обезбеди снабдување на оружје за своите војници на фронтот, кои се наоѓаат под засилен притисок од страна на руските сили. Зеленски го изјави ова по консултациите со министерот за одбрана Рустем Умјеров и со врховниот командант Олександар Сирски во Киев. „Потребно ни е итно забрзување на снабдувањето со цел значително да ги подобриме способностите на нашите војници“, рече Зеленски во својата вечерна видео порака во вторникот.

„На фронтот не треба да доминираат руските бомби и офанзивни операции, туку нашата украинска иницијатива - нашата воздушна одбрана, нашата артилерија, нашите беспилотни летала“, рече Зеленски. Како дел од овие напори, владата во Киев одлучи да одвои дополнителни 15,5 милијарди гривни (367 милиони евра) за купување дронови .

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во посета на фронтот на 9 април, 2024
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во посета на фронтот на 9 април, 2024Фотографија: Ukrainian Presidential Press Office/AP Photo/picture alliance

Изминатата ноќ започна со воздушна тревога за целиот југ на Украина . Воздухопловните сили предупредија од надоаѓачки руски балистички ракети. Во пристанишниот град Одеса можеа јасно да се слушнат експлозии а во меѓувреме се јавува за жртви и за материјална штета.

Пари за 300 илјади дронови

Украина делумно го решава проблемот со недостигот на оружје и муниција со сопствено производство, рече Зеленски. Премиерот Денис Шмихал рече за дополнителните пари за беспилотните летала: „Со средствата што се доделени денеска, 300.000 дронови ќе бидат доставени до нашите безбедносни и одбранбени сили“, рече тој на седница на владата во Киев . Според Шмихал, Украина досега испланирала 43,3 милијарди гривни за набавка на беспилотни летала оваа година.

Украински војници поставуваат експлозивна направа на ФПВ дрон
Украински војници поставуваат експлозивна направа на ФПВ дронФотографија: Inna Varenytsia/REUTERS

Под притисок на руската агресорска војна, која трае повеќе од две години, Украина брзо го прошири развојот и производството на различни видови беспилотни летала. Во недостаток на артилериските гранати на фронтот, Украинците користат мали дронови ФПВ за напади од воздух врз руските војници. Тие, со ова оружје во последниве недели сè почесто напаѓаат цели длабоко во територијата на Русија.