1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Видеоснимки од мртви руски војници: Украина започна истрага

АРД | СН
23 ноември 2022

Лажирана капитулација или егзекуција на непријателски војници? И Украина и Русија гледаат докази за воени злосторства во видеата објавени на интернет. Двете страни започнаа сопствени истраги за потеклото на снимките.

https://p.dw.com/p/4Jwv1
Ukraine Krieg mit Russland | Gräber bei Izium
Гробница во близина на ИзјумФотографија: Hanna Sokolova/DW

Русија и Украина уште еднаш се обвинија меѓусебно за извршување воени злосторства откако на интернет се појавија видео снимки кои наводно покажуваат мртви руски војници во Украина. Украина сега објави дека има намера да ја разјасни заднината на снимките со сопствена истрага. Контроверзните снимки се вели дека се направени во средината на ноември во градот Макијивка во областа Луганск. И истражувањата на „Њујорк тајмс“ и редакцијата за пронаоѓање на факти на германскиот јавен сервис АРД укажуваат дека станува збор за автентични снимки.

Сепак, околностите под кои се настанати снимките се целосно нејасни. Видеото наводно покажува како украински војници опколуваат куќа во која се забарикадирани руски сили. Се верува дека некои од руските војници се предале и лежат на земја. Одеднаш се појавува вооружен маж и отвора оган. Снимката прекинува.

Украина говори за лажирана капитулација

Од украинска гледна точка, тие покажуваат лажно предавање од страна на руски војници. Додека некои симулираат дека се предаваат, други војници потоа отвораат оган врз украинските трупи. Според меѓународното право, таквиот чин би се сметал за воено злосторство. Украинското државно обвинителство сега објави дека отворило истрага за наводите за лажирана капитулација. Украинските војници само се бранеле од непријателски оган, смета обвинителството. 

Буча: Сè повеќе докази за злосторства врз цивилите

Михајло Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така гледа руско воено злосторство во постапките прикажани на видеото. На него, според Подолјак, навистина може да се види дека руските војници се обидуваат да се предадат, но и дека некои војници отвораат оган врз украинските сили кои се обидуваат да ги заробат непријателските војници. Двајца руски војници „излегуваат и почнуваат да пукаат кон луѓето, и кон припадниците на украинската војска“, изјави Подолјак. Според него, украинската влада ја поседува целосната снимка, но таа се уште не е објавена. Украина исто така нагласи дека на сопствените војници им било наложено да земат што е можно повеќе руски затвореници за да ги разменат за украински воени заробеници во руски раце.

Русија ја обвинува Украина за „егзекуција“.

Според руските прикази, украинските сили пукале и убиле руски војници, додека тие очигледно сакале да се предадат. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, зборуваше за „егзекуција“ на вооружените сили на земјата. Русија сака самата да ги истражи инцидентите и исто така се залага за меѓународна истрага за настаните. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно најави дека самата Русија ќе ги бара украинските војници за кои верува дека се одговорни. „Тие мора да бидат пронајдени и казнети“, побара Песков. Комесаријатот за човекови права на Обединетите нации со седиште во Женева веќе соопшти дека наводите околу контроверзните видео снимки треба „веднаш, целосно и ефекасно да се истражат и сторителите да се изведат пред лицето на правдата“.