1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Условни казни за седуммина за упадот во М-НАВ

ДТЗ
14 јуни 2024

Упадот се случи на 4 јануари во просториите на М-НАВ. Седуммина обвинети се спогодиле и добија условни казни

https://p.dw.com/p/4h2U4
Контрола на летање
Условни казни за седуммина за упадот во М-НАВФотографија: Getty Images

Седум лица кои беа обвинети за инцидентот во Македонска навигација (М-НАВ) се спогодиле и добија условни казни. Јавното обвинителство соопшти дека на шестмина од обвинетите за стореното кривично дело им е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор во траење од 6 месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една ипол година по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело, додека за еден е изречена условна осуда со заштитен надзор. За осмиот осомничен опфатен со првичната истрага, постапката е запрена, бидејќи не учествувал во дејствијата на спречување на службеното лице во Контрола на летање во вршењето на неговата работа. 

„За еден обвинет, кој преземал потешки дејствија за да го попречи службеното лице и бил претходно осудуван за дело против општата сигурност, изречена е алтернативна мерка – условна осуда со заштитен надзор, односно казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Истовремено Судот на тој обвинет му одреди и други обврски кои ќе бидат предмет на заштитен надзор“, се вели во соопштението. 

По расправија и шамари 

Упадот се случи на 4 јануари во просториите на М-НАВ, на Меѓународниот аеродром Скопје, кога настанала расправија и бил нападнат вработен во Контрола на летање. „Настанала расправија и турканица помеѓу обвинетите и оштетениот, при што во еден момент еден од обвинетите му удрил шлаканица во пределот на лицето на оштетениот. По настанот, сите го напуштиле објектот на М-НАВ, оштетениот не се вратил на работното место и на тој начин со нивните дејствија обвинетите го спречиле оштетениот во вршење на своите професионални задачи, како контролор на летање на давање услуги на воздухопловна навигација“, велат од Јавното обвинителство.

По инцидентот беше сменето дел од раководството на М-НАВ.  

Преквалификација на делото 

Од прибраните докази, обвинителството утврдило дека за време на настанот немало опасност и не била загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај, поради што немало основи обвинетите да се гонат за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Поради тоа делото било преквалификувано во „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. 

Откако влегле во објектот на М-НАВ спротивно на одредбите од правилникот за редот и дисциплината на вработените во навигациското тело, тие започнале насилнички и навредливо да се однесуваат кон оштетениот вработен. Настанала расправија и турканица помеѓу обвинетите и оштетениот, при што во еден момент еден од обвинетите му удрил шлаканица во пределот на лицето на оштетениот. По настанот, сите го напуштиле објектот на М-НАВ, оштетениот не се вратил на работното место и на тој начин со нивните дејствија обвинетите го спречиле оштетениот во вршење на своите професионални задачи, како контролор на летање на давање услуги на воздухопловна навигација, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.