1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалЕквадор

Еквадор: Упад во ТВ студио со гранати и динамит

ЖА
10 јануари 2024

Маскирани лица упаднале во студиото на државната телевизија за време на програма во живо и зеле новинари како заложници. Полицијата во пристанишниот град Гвајакил се чини дека ја има ситуацијата под контрола.

https://p.dw.com/p/4b2vs
Ecuador, Guayaquil | Geiselnahme in einem TV-Sender
Фотографија: Marcos Pin/AFP/Getty Images

Вооружени мажи упаднале насилно во просториите на државната телевизиска станица во Еквадор за време на пренос во живо. Групата криминалци со пиштоли и експлозиви им се заканувала на неколку новинари и вработени, а неколкумина биле земени како заложници, како што се гледало на телевизиските снимки. „Ние сме овде во живо за да знаете дека не се игра со мафијата“, изјавил еден од напаѓачите во камерата. Во снимките можело да се слушнат и пукање и врисоци на исплашени луѓе. Маскираните луѓе држеле оружје и експлозивни уреди пред камерата во државната телевизиска станица ТЦ Телевизион во пристанишниот град Гвајакил.

„Криминалци упаднале во просториите на медиумска компанија во Гвајакил“, соопшти еквадорската полиција на платформата Х, поранешна Твитер. „Специјални единици ќе бидат распоредени на лице место за да се справат со оваа вонредна состојба“. Набргу потоа полицијата го потврди апсењето на неколку лица.

Еквадор, заложничка драма во телевизија
Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба поради хаотичните услови во затворитеФотографија: Gerardo Menoscal/AFP

Само еден ден претходно, претседателот Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба поради хаотичните услови во затворите во јужноамериканската земја. Тоа, меѓу другото, значи дека привремено е ограничено правото на собирање, се вели во уредбата објавена во понеделникот. Дополнително, во наредните 60 дена ќе важи ноќен полициски час.

Криминалните банди неодамна имаа  жестоки судири во затворите  во земјата и зедоа чувари како заложници. Според затворската управа, шефот на моќната банда „Лос Чонерос“, Адолфо Масијас алијас „Фито“, очигледно успеал да побегне. Овој вторник, властите го пријавија и бегството на друг наркобос, Фабрицио Колон Пико, еден од водачите на бандата „Лос Лобос“.

Насилството драстично се зголеми во Еквадор  во последниве години. Стапката од околу 25 убиства на 100.000 жител е една од највисоките во Латинска Америка забележана во 2022 година. Многу од преполните затвори се контролирани од  криминални организации  и таму често се случуваат тепачки меѓу банди.