1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Слобода на медиумитеГлобално

УНЕСКО: Загриженост поради големиот број убиени новинари

СН/агенции
17 јануари 2023

По неколку години пад, бројот на убиени новинари нагло се зголеми во 2022 година. Латинска Америка и Карибите се најопасни за медиумските работници.

https://p.dw.com/p/4MI7B
Воените репортери особено ги ризикуваат своите животи на работа (Архивска фотографија)
Воените репортери особено ги ризикуваат своите животи на работа (Архивска фотографија)Фотографија: Yaghobzadeh Alfred/ABACA/picture alliance

Осумдесет и шест новинари и медиумски работници се убиени ширум светот во 2022 година, по еден на секои 4 дена, што е 50 отсто повеќе во однос на претходната година, говорат податоците на УНЕСКО.

Организацијата  за наука образование и култура на ОН, УНЕСКО има мандат да обезбеди слобода на изразување и безбедност на новинарите на глобално ниво, а агенцијата на ОН наведе дека нејзините податоци ги нагласуваат сериозните ризици и ранливост со кои се соочуваат новинарите во својата работа.

„По неколку години постојан пад, наглиот пораст на бројотна убиени новинари во 2022 година е алармантен“, вели Одри Азуле, генерална директорка на УНЕСКО.

Таа смета дека властите мораат да ги засилат напорите да ги запрат овие злосторства и да обезбедат нивните сторители да бидат казнети, бидејќи рамнодушноста е главен фактор во оваа клима на насилство.

Порастот на бројот убиства на новинари во 2022 година означува драматичен престврт на позитивниот тренд во последните години: од 99 убиства во 2018 година бројката падна на просечно 58 убиства на новинари годишно од 2019 до 2021 година, соопшти опсерваторијата на УНЕСКО.

Бројките наглсуваат проблеми во системите на владеење на правото ширум светот, укажувајќи на неуспех на државите да ги исполнат своите обврски за заштита на новинарите и да спречат кривично гонење на одговорините за нив, наведуваат од УНЕСКО.

Латинска Америка и Карибите биле најсмртоносни за новинарите во 2022 година со 44 убиства, што е повеќе од половина од жртвите ширум светот. Во Азија и на Пацификот се регистрирани 16, а во источна Европа се убиени 11 новинари. Најсмртоносни земји се Мексико со 19, Украина со 10 и Хаити со 9 убиства на новинари.