1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаУкраина

Украина ја забрани црквата под Московски патријархат

ЕМФ / кна | дпа
20 август 2024

Украинскиот парламент ја забрани Украинската православна црква - Московска патријаршија.

https://p.dw.com/p/4jg6i
Парламентот во Киев
Парламентот во Киев со големо мнозинство гласаше за забрана на УПЦ-МПФотографија: Eugen Kotenko/Avalon/Photoshot/picture alliance

За забрана на Украинската православната црква (УПЦ) под Московски патријархат гласаше големо мнозинство од украинските пратеници. Законот, како што се вели, се потпира на идејата за „религиозна слобода под услов да се нема поврзаност со агресорот и Руската православна црква“.

Од Москва веднаш стигнаа критики на ваквата одлука на парламентот во Киев. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави: „Целта е да се уништи длабоко канонското, вистинско православие.“ 

Законот треба да стапи во сила 30 дена по објавувањето во Службен весник, а одделните црковни заедници потоа ќе имаат време од 9 месеци за да се одделат од Москва. Во Украина околу 10.000 црковни заедници се сѐ уште под Московски патријархат. 

Пред неколку дена беше објавен дописот на поглаварот на конкурентската црква која е блиска со властите во Киев - Православна црква на Украина (ПЦУ), митрополитот Епифаниј, упатен до митрополитот Онуфриј од УПЦ, со барање за „разговори без предуслови“ за „неопходно единство и помирување“ на православните христијани во Украина. Досега УПЦ ги условуваше разговорите со повлекување на ПЦУ од „окупираните цркви“. Освен тоа, УПЦ смета дека постои проблем со статусот на ПЦУ, која е прогласена за автокефална од страна на Вселенската патријаршија.