1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Повикот за примирје за Божик е цинична пропаганда

ЖА / агенции
5 јануари 2023

Киев го отфрли повикот на поглаварот на РПС, патријархот Кирил, за примирје на Русите и Украинците на Божик.

https://p.dw.com/p/4LluP
Рускиот патријарх Кирил
Рускиот патријарх КирилФотографија: ALEXANDER NEMENOV/AFP/Getty Images

„Ова претставува цинична стапица и елемент на пропаганда“, напиша советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак денеска на социјалната мрежа Твитер.

Руската православна црква не претставува никаков авторитет во светското православие и врши единствено „воена пропаганда“, напиша Подољак. Тој го обвини московскиот патријарх за испраќање повици за геноцид врз Украинците.

Претходно рускиот патријарх Кирил ги повика Русите и Украинците, двете страни во „интерен конфликт“, на примирје во петок и сабота. Според христијанскиот православен календар, в петок (06.01.2023) е Бадник,  а в сабота е првиот ден на Божик.

Русија повеќе од десет месеци води агресорска војна против Украина, и има окупирано околу 18 проценти од територијата на земјата, вклучувајќи го и во 2014 година анектираниот украински полуостров Крим.