1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

Турција ги завршува речиси сите спасувачки операции

Ноткер Оберхојзер
20 февруари 2023

Земјотресот во турско-сирискиот пограничен регион однесе речиси 47.000 животи. Надежта за пронаоѓање повеќе преживеани исчезнува.

https://p.dw.com/p/4Nj2W
Илјадници луѓе сѐ уште се водат како исчезнати во Турција и Сирија
Илјадници луѓе сѐ уште се водат како исчезнати во Турција и СиријаФотографија: Francisco Seco/AP/picture alliance

Турската служба за заштита од катастрофи објави дека спасувачки тимови ќе се користат само уште во провинциите Хатај и Кахраманмараш. Тимовите за пребарување и спасување во Турција, како што се вели, веќе не пронаоѓаат преживеани. Според Јунус Сезер, шеф на турската цивилна заштита, завршени се операциите во речиси сите единаесет погодени турски провинции. Потрагата по преживеани продолжува само уште околу 40 згради во провинциите Кахраманмараш и Хатај во близина на епицентарот на земјотресот, вели Сезер.

По земјотресот: Кога и надежта ќе умре

Илјадници луѓе сѐ уште се водат како исчезнати

Илјадници луѓе сѐ уште се водат како исчезнати по земјотресот во Турција и Сирија. Со оглед на ниските температури и изминатото време од земјотресот,нивните шанси за преживување се многу мали.

Турскиот потпретседател Фуат Октај наведе дека земјотресот целосно или делумно уништил најмалку 105.000 згради. Според експертите, непочитувањето на стандардите за градба може да го објасни екстремно високиот број на жртви во регионот на земјотресот. Бројот на жртви, според турската агенција за цивилна заштита Афад, изнесува 41.020. Во Сирија, каде бројот на жртви се ажурира поретко, досега се избројани околу 5.900 загинати.

Хуманитарната организација Лекари без граници (МСФ) побара „итно“ масовно зголемување на помошта за Сирија. „Помошта моментално тече со занемарлива брзина“, изјави Хаким Калди, шеф на мисијата на МСФ за помош во Сирија. „За три дена ги потрошивме залихите за итни случаи“, наведе Калди. Според него, во Сирија сега пристигнува дури и помалку помош отколку пред земјотресот. Дури и ОН во меѓувреме зборуваат за „меѓународен неуспех“ во помошта за Сирија.

Ограбувачи ја злоупотребуваат трагедијата во Турција