1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц ги отфрли изјавите на Трамп за Гренланд

СН/агенции
9 јануари 2025

Неповредливоста на границите е основен принцип на меѓународното право, порача германскиот канцелар јасно отфрлајќи ги изјавите на идниот претседател на САД, Трамп за Гренланд. Шолц притоа повлече паралела со Путин.

https://p.dw.com/p/4oy6r
Donald Trump und Olaf Scholz | Archivbild 2017
Фотографија: -/ dts-Agentur/picture alliance

По нajновите изјави на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за американските претензии кон Гренланд, канцеларот Олаф Шолц предупреди од принудни поместувања на границите. „Принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја - без разлика дали е на исток од нас или на запад“, рече Шолц на краткорочно закажана прес-конференција во Берлин. „Секоја држава мора да се придржува до ова - без разлика дали е мала земја или многу моќна држава.

Германскиот канцелар, исто така, рече дека разговарал за ова прашање со европските партнери. При овие разговори, според Шолц, било искажано „одредено неразбирање кога станува збор за тековните изјави од САД“. Неприкосновеноста на границите е „суштинска компонента на она што ние го нарекуваме западни вредности“, рече канцеларот. Тоа не смее да се потресува истакна Шолц, 

Grönland Ilulissat 2018 | Bunte Häuser der Küstenstadt am berühmten Eisfjord
Фотографија: Patrick Pleul/dpa/picture alliance

Рускиот владетел Владимир Путин го прекрши овој принцип со нападот врз Украина, продолжи Шолц, повлекувајќи притоа експлицитна паралела со војната во Украина.

Идниот претседател на САД, во вторникот (7 јануари, 2024) ги повтори своите закани за преземање на контролата врз Панамскиот канал и Гренланд, арктички остров богат со ресурси, кој и припаѓа на Данска. Доналд Трамп притоа не сакаше да исклучи ниту воена опција. „Можеби нешто треба да се направи“, рече тој.