Никола Нешковски, Илија Деревјов и Лазо Миновски се планински велосипедисти, со свежи траги од последната тура. За четири дена со велосипеди тие ја искачија највисоката вулканска планина во Иран, Дамаванд на 5609 метри. Зад нив имаат бројни подвизи, а пред нив стојат, како што велат уште многу авантури.