1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Жан Митрев на суд поради хемофилтрацијата

ДТЗ
13 февруари 2023

Судот поднесе обвинение поради измами со хемофилтрацијата. Клиника Жан Митрев очекува јавен и транспарентен процес низ којшто „ќе ја докаже нивната невиност“.

https://p.dw.com/p/4NR26
корона
Жан Митрев на суд поради хемофилтрацијатаФотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen

Кривичниот суд во Скопје го прифати обвинението против докторот Жан Митрев и неговата клиника за измама на пациенти заболени од Ковид-19. Првото судското рочиште ќе се одржи на 28 февруари, а предметот ќе го води судијката Лидија Петровска. 

Обвинението против Жан Митрев беше поднесено на 10 јануари. На кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника ќе им се суди за измама на пациенти за време на пандемијата со Ковид-19. Врз основа на доказите, Обвинителството наведува дека Жан Митрев ги довел во заблуда пациентите на кои им се нудела  хемофилтрацијата како алтернативен начин на лекување, но притоа се прикривале клучни факти за овој метод. На тој начин клиниката заработила околу 1,6 милиони евра за хемофилтрации. Во обвинителството имало вкупно 283 пријавени оштетени кои биле дел од истрагата.

Јавен и транспарентен процес

Клиника Жан Митрев очекува јавен и транспарентен процес низ којшто „ќе ја докаже нивната невиност во однос на сите обвинувања кон д-р Митрев и кон клиниката“.

„Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално. Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен. За време на Ковид пандемијата нашата клиника и нашиот персонал одиграа херојска улога, а овој срам и напади кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите. Хемофилтрацијата како метод ја користевме за лекување на последици од Ковид, но не и како лек за Ковид. Бесмислени се наводите на ЈО во Обвинителниот акт“, соопшти Клиниката.