1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што ќе ви е парк, да ставиме градежна маркица!

Ана Арсеновска-Зафирова
16 декември 2023

Ако постои проблем, не чекај, туку направи нешто за негово решавање! Група активисти во Скопје со уметност се бори за решавање на проблемот на дивите паркинзи во градот. Нивните алатки се во најмала рака необични, а притисокот што го вршат врз локалните и централната власт дава резултати.

https://p.dw.com/p/4aDFL

Одбрана на зеленилото од окупацијата на возила - со акција Центарот за современи уметности Скопје отвoра уште еден проблем на градот:

„Скопје е град кој што има малку паркови, а уште помалку отворени зелени површини, тие така и се водат. И тие отворени зелени површини се узурпираат за паркинзи, што е прво лошо затоа што се губи амбиенталната вредност на градот. Меѓутоа позадината на дивите паркинзи, кога ќе се одомаќинат долго време, може да значи дека ете, тој простор не им треба на граѓаните, не им треба парк, ајде ќе им ставиме градежна маркица. Ако се бориме да си ги одржиме зелените површини, да ги користиме зелените површини, многу полесно ќе се справуваме со урбаната мафија“, убеден е Никола Писарев.

Како проблемите се тематизираат со интервенции во простор, на креативен начин, погледнете во видеото.