1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

САД го затвораат пристаништето за помош во Појасот Газа

ЕМФ | агенции
18 јули 2024

САД ја завршуваат својата мисија на доставување помош преку провизорно пристаниште во Појасот Газа. Алтернативно решение е планирано, но сѐ уште не е готово.

https://p.dw.com/p/4iRiq
Појас Газа привремено пристаниште хуманитарна помош
Камиони кои превезуваа хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа преку привременото пристаниште за првпат на 17-ти мајФотографија: Kelby Sanders/US Navy/Imago

Импровизираното пристаниште изградено од американската армија на брегот на Појасот Газа за доставување помош на населението конечно ќе биде демонтирано и вратено во САД. Мисијата е завршена, привременото пристаниште ја исполни својата цел, изјави претставник на американската војска. Преку пристаништето Ашдод во Израел, како што се вели, планирана е алтернативна рута за испорака на помош. Но, детали за ова не се познати.

Пристаништето од самиот почеток беше замислено како привремено решение. Откако беше пуштено во употреба во мај, постојано имаше проблеми. Еден од нив е сеирозното оштетување на пристаништето поради немирното море.

И дистрибуцијата на помош за населението во Појасот Газа се покажа како повеќе од тешка. Критичарите велат дека не е исполнета целта за доставување доволно помош до Појасот Газа преку пристаништето за да се спречи глад. Хуманитарните организации ја поздравија изградбата на објектот, но истакнаа дека транспортот по копно е многу поефикасен. Поради војната на Израел против исламистичката терористичка организација Хамас, во Појасот Газа со месеци има голема хуманитарна криза. Камиони кои превезуваа хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа преку привременото пристаниште за првпат на 17-ти мај. Пентагон ја проценува цената на пристаништето на околу 300 милиони американски долари (276 милиони евра).

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема