1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Вонредна состојба во Курск, масакр во супермаркет во Украина

СН/агенции
9 август 2024

Во руски ракетен напад врз супермаркет во Украина загинаа најмалку 11 лица. Од друга страна Русија прогласи вонредна состојба во областа Курск по украинската копнена офанзива.

https://p.dw.com/p/4jIZi
Пожар во супермаркетот во Костантиновка кој беше погоден од руска ракета. Во нападот загинаа 11 лица
Пожар во супермаркетот во Костантиновка кој беше погоден од руска ракета. Во нападот загинаа 11 лицаФотографија: Andriy Yermak/Ukraine's Presidential Office/REUTERS

Бројот на загинати во рускиот напад врз супермаркет во украинскиот град Константиновка во областа Доњецк се зголеми на 11, а најмалку 35 лица се ранети. 

Пред тоа шефот на Министерството за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, објави на Телеграм: „Пожарот во трговскиот центар со површина од 1.000 метри квадратни е изгаснат. Оперативните служби работат на лице место“.

Сочувство од Зеленски

Во рускиот напад оштетени се станбени згради, продавници и десетици автомобили.
Претседателот Володимир Зеленски претходно на мрежата Х објави дека четири лица загинале, а 24 се ранети, а други луѓе сѐ уште се наоѓаат под урнатините.
„Оперцијата за спасување е во тек и ќе се направи сѐ за да се спасат“, рече Зеленски. 

Во меѓувреме, Русија денеска прогласи вонредна состојба во областа Курск, каде веќе четири дена траат судирите со украинските војници

Русија испрати засилувања во Курск

Министерството за вонредни состојби ја соопшти одлуката по седницата на владината комисија за превенција и отстранување на вонредни ситуации.

„Во разговорот беше опфатена ситуацијата во областа Курск поради нападот на украинските вооружени сили. Во регионот е воспоставено федерално ниво на одговор“, се вели во соопштението.
Во текот на ноќта во понеделникот кон вторник, Украина го засили гранатирањето во областа Курск. По артилерискиот бараж следеше упад на украинската пешадија, поддржана од тенкови и оклопни возила, во близина на градот Суџа.

Жестоки борби во местото Суџа во регионот Курск
Жестоки борби во местото Суџа во регионот КурскФотографија: MIC Izvestia/IZ.RU/REUTERS

Руското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека 300 украински војници, 11 тенкови и 20 оклопни возила ја преминале руската граница, но во средата началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, тврдеше дека околу 1.000 украински војници биле вклучени во битката.