1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

На молба, Русија ќе ги врати киднапираните украински деца

ЖА /АФП
5 април 2023

За да ги добијат назад своите депортирани деца, родителите од Украина треба да испратат молба, порача руската комесарка за детски права, Лвова-Белова, која одбива да објави целосна листа на киднапираните деца.

https://p.dw.com/p/4Phq2
Украина Русија војна
Протест во Франција со фотографиите на грабнатите украински децаФотографија: EMMANUEL DUNAND/AFP/Getty Images

Руската комесарка за права на децата Мариа Лвова-Белова, за која е издаден меѓународен налог за апсење, изрази подготвеност киднапираните украински деца да бидат испратени назад во нивната татковина, доколку нивните родители достават молба.

„Пишете ми (...) за да ги најдете повторно своите деца“, изјави Лвова-Белова на прес конференција во вторникот.

Украинската влада обвинува дека до февруари оваа година од Украина се одземени од родителите или роднините и насилно однесени повеќе од 16.000 деца во Русија или во областите под руска контрола. Тоа е и основата на обвинението поради кое што Меѓународниот кривичен суд во Ден Хаг во средината на февруари издаде меѓународни потерници за рускиот претседател Владимир Путин и Лвова-Белова за извршени воени злосторства.

Руската ополномоштеничка за правата на децата, Лвова-Белова во вторникот тврдеше дека досега не била контактирана од ниеден украински надлежен околу судбината на децата. Службата со која таа раководи, во вторникот објави извештај според кој до крајот на март 16 деца од девет семејства повторно им се вратени на родителите или роднините во Украина. Според извештајот, 380 деца се сместени во руски фамилии. Децата кои се посвојувани од руски семејства, покрај своето украинско, добиваат и руско државјанство. Лвова-Белова повторно одби објавување на целосна листа со имињата на грабнатите украински деца.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема