1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСловачка

Роберт Фицо се бори за живот по атентатот

БГ
15 мај 2024

Словачкиот премиер Роберт Фицо е повеќекратно застрелан и пренесен во болница каде се бори за својот живот, соопшти владата во Братислава по одржана итна седница.

https://p.dw.com/p/4ftXm
Роберт Фицо
Словачкиот премиер Роберт Фицо е повеќекратно застреланФотографија: Petr David Josek/AP Photo/picture alliance

„Денеска, по владиниот состанок во Хандлова, имаше обид за атентат врз премиерот на Словачка, Роберт Фицо“, соопшти владата преку социјалните мрежи.

„Во моментов го пренесуваат во Банска Бистрица со хеликоптер во животно-загрозувачка состојба, затоа што ќе биде потребно премногу време за да се транспортира во Братислава со оглед на неговите повреди“, се наведува во соопштението.

Фицо, 59-годишен популистички лидер кој беше обвинуван дека е близок до Русија, беше избран за премиер по трет пат минатата година.

Непознат напаѓач истрелал четири куршуми кон Фицо по владината седница. Според првичните информации еден куршум го погодил во стомакот, но последните изјави на официјални претставници дека тој можеби бил погоден повеќе пати. Напаѓачот е уапсен, но неговиот идентитет и мотивите засега не се познати.

Словачката претседателка Зузана Капутова изјави дека „целосно шокирана од бруталниот врз премиерот... кој најостро го осудувам“. 

„Либералите се виновни“  

Европските лидери и првите луѓе на ЕУ и НАТО изразија шокираност од нападот и му посакуваат брзо заздравување на Фицо.

Најголемата словачка опозициска партија го откажа за денеска планираниот протест во Братислава кој беше предизвикан од планот на Фицо да ги стави под државна контрола јавните радиодифузери.

„Целосно и остро го осудуваме насилството и денешниот напад врз премиерот Роберт Фицо“, изјави лидерот на Напредна Словачка, Михал Симецка.

„Притоа, ги повикуваме сите политичари да се воздржат од изјави или чекори кои би придонеле кон натамошно зголемување на тензиите“.

На прес-конференција по атентатот, пратеникот Лубош Блата од партијата на Фицо остро ги нападна неговите критичари.

„Вие, либералните медиуми, и прогресивни политичари сте одговорни. Роберт Фицо се бори за живот поради вашата омраза“, рече Блаха.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи