1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин прифатил покана за возвратна посета на Северна Кореја

СН/агенции
14 септември 2023

По посетата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на Русија, Москва и Пјонгјанг очигледно сакаат дополнително да ги продлабочат односите. Претседателот Путин, се вели, ја прифатил поканата на Ким за возвратна посета.

https://p.dw.com/p/4WJN5
Лидерите на Северна Кореја и на Русија, Ким Јонг Ун и Владимир Путин во Восточни
Лидерите на Северна Кореја и на Русија, Ким Јонг Ун и Владимир Путин во ВосточниФотографија: Vladimir Smirnov, Sputnik, Kremlin Pool Photo via AP/picture alliance

По средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин, шефот на руската држава очигледно планира да ја посети Северна Кореја. Државните севернокорејски медиуми едногласно јавија дека Путин ја прифатил поканата од Ким за посета на неговата земја. Државната новинска агенција КНЦА објави дека Путин „со задоволство“ ја прифатил понудата за возвратна посета и ја потврдил својата волја „да ја зајакне историјата и традицијата на пријателството меѓу двете земји“. Според агенцијата состанокот на територијата на Северна Кореја треба да се одржи „во соодветно време“. Можната идна средба меѓу шефовите на двете држави во Северна Кореја сѐ уште не е потврдена од руската страна. Ким во вторникот пристигна во Русија, а во средата во Восточни се сретна со Путин. Според новинската агенција Ројтерс, владетелот на Северна Кореја бил придружуван од делегација за воена соработка. На средбата учествувал и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Малку детали за содржината на разговорите

Малку се знае за содржината на разговорите по завршувањето на состанокот. Претходно имаше шпекулации дека фокусот би можел да биде ставен на воената соработка меѓу двете земји и можните испораки на севернокорејско оружје за Русија. КНЦА сега го цитираше Ким дека  со Путин договорил поинтензивна стратешка и тактичка соработка. со оглед на „воените закани, провокации и тиранијата на империјалистите“.  

Ким Јонг Ун и Владимир Путин во посета на космодромот Восточни
Ким Јонг Ун и Владимир Путин во посета на космодромот ВосточниФотографија: Yonhap/picture alliance

Сепак, тој не изнесол повеќе детали за тоа како би можела да изгледа таа соработк. Во врска со сомневањата дека Северна Кореја и Русија разговараат за можни испораки на оружје, портпаролот на Кремљ Дмитри Песков едноставно рече: „Нашите земји соработуваат во чувствителни области кои не треба да се објавуваат во јавноста“.

Загриженост во САД

САД со загриженост реагираа на средбата меѓу Путин и Ким. „Вознемирувачко е тоа што Русија разговара со Северна Кореја за соработка на програми кои потенцијално би ги прекршиле резолуциите на Советот за безбедност на ОН, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер. САД пред сѐ стравуваат дека Русија би можела да добие артилериски гранати од Северна Кореја, кои потоа би можеле да се употребат во војната против Украина. Милер предупреди дека САД „нема да се двоумат“ да воведат дополнителни санкции за Русија и за Северна Кореја доколку склучат нови договори за оружје.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи