Прочка, покрај Божик и Велигден, е следниот празник по значење во обредниот календар на православните христијани. На Прочка помладите од постарите бараат простување, на „Прости ми ако нешто сум ти згрешил“ другиот одговора со: „Простено ти е и од мене и од Бога“. Дел од бројните обреди за празникот во меѓувреме се исчезнати.