1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Пригожин: Во Украина се убиени 10.000 руски затвореници

ЖА / агенции
24 мај 2023

Во борбите во Украина, како што тврди шефот на воената платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, се убиени околу 10.000 од 50.000 регрутирани борци од руските затвори.

https://p.dw.com/p/4RlNt
Евгени Пригожин, шеф на групата Вагнер
Евгени Пригожин, шеф на групата ВагнерФотографија: Uncredited/AP/dpa/picture alliance

„Јас ангажирав околу 50.000 затвореници, од кои околу 20 проценти се убиени“, изјави шефот на воената платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин во интервју објавено во вторникот вечерта од страна на руски блогер. Меѓу професионалните платеници на Вагнер, стапката на загинати е речиси исто така висока, изјави Пригожин, но не кажа конкретна бројка.

Платеничката група Вагнер во изминатите месеци беше на првата линија на фронтот во жестоките борби кои однесоа многу жртви во источниот украински град Бахмут. Во текот на минатата година Пригожин во повеќе наврати вршеше регрутирање на затвореници – сторители на кривични дела за борбите во Украина, ветувајќи им во замена простување на казната доколку преживеат.

„Сега има десетици илјади луѓе – роднини на убиените борци, а веројатно ќе ги има стотици илјади, тоа не е нешто што може да се сокрие“, изјави Пригожин во интервјуто.

На украинска страна загубите се уште поголеми, тврди тој:

„Групата Вагнер има три пати помалку загинати и отприлика двојно помалку ранети“. Наводите на Пригожин не може независно да се проверат. Ова е прв пат шефот на платеничката група Вагнер да се произнесе околу размерите на загубите во нејзините редови.

Регуларната руска армија последен пат даде податоци за своите загуби во септември минатата година, наведувајќи бројка од 5900 свои загинати војници. 

Шефот на руската приватна платеничка група вели дека планот на Кремљ за „демилитаризација“ на Украина не успеал и дека инвазијата на нејзиниот сосед „ја претвори украинската армија во една од најмоќните во светот“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи