1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прегласување во седум избирачки места

ЕМФ
22 мај 2024

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска се прегласува за парламентарните избори.

https://p.dw.com/p/4g5eZ
Северна Македонија избори
Прегласување во седум избирачки местаФотографија: Petr Stojanovski/DW

За парламентарните избори денеска (22.05) повторно се гласа во две избирачки места во Крушево, две места во Долнени, и во по едно избирачко место во Желино, Охрид и Струга. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 избирачи. Вчера гласаа болни и немоќни лица, лица кои се на издржување казна затвор, како и лица сместени во домовите за вонсемејна грижа.

Државната изборна комисија утврди дека ќе има прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, откако Управниот суд минатиот петок ги отфрли како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ поднесени против решенијата на ДИК.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено најмногу пратенички мандати - 58, по што следуваат коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ- 18, коалицијата ВЛЕН - 13, а Движењето ЗНАМ - За наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.