1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлогот за амнестија под будното око на САД

ДТЗ
4 октомври 2023

Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални

https://p.dw.com/p/4X6S2
Ангела Агелер
Предлогот за амнестија под будното око на САДФотографија: Reg. Nordmazedoniens

Амбасадата на САД ги следи случувањата околу предлог-законот за амнестија, којшто влезе во собраниска процедура и Владата бара да се носи по скратена постапка. Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека за САД и Американската амбасада е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални. 

„Одблизу го следиме процесот“

„Граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат“, рече Агелер, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на селото Радово. 

Агелер вели дека е запознаена оти законот е влезен во собраниска процедура, но дека не е ја знае неговата содржина. Но, смета дека е важно политичките лидери да ја запознаат јавноста со потребата од негово носење.

Премиерот Димитар Ковачевски во вторникот (3.10) информираше дека предлог-законот за амнестија е испратен во собраниска процедура без европско знаменце и не е правен за личности, туку за дела од помал обем. Целта е, вели тој, да се ослободат пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти. Капацитетот на затворите е исполнет - во нив има околу 2.100 осуденици. На издржување на казна чекаат уште 2.200 лицашто значи дека во моментов се потребни 4.000 места за да се сместат сите кои чекаат за издржување на казна.

Опозицијата обвинува дека со законот се опфатени „озлогласени криминалци“ и најави дека со амандмани ќе го блокираат законот.