1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФинска

Поранешниот премиер Стуб е нов претседател на Финска

ЕМФ / ртр
12 февруари 2024

Поранешниот фински премиер Александер Стуб победи на претседателските избори во Финска.

https://p.dw.com/p/4cHn8
Александер Стуб, новоизбран претседател на Финска
Александер Стуб, новоизбран претседател на ФинскаФотографија: Emmi Korhonen/Lehtikuva/REUTERS

Поранешниот фински премиер Александер Стуб победи на претседателските избори во земјата со 51,6% од гласовите, додека неговиот противкандидат Пека Хависто доби 48,4% од гласовите, соопшти Министерството за правда на Финска.

Изборот на Стуб на претседателската функција означува почеток на нова ера. Досегашниот претседател Саули Нинисто долго време, како што е и вообичаено за Финска, водеше надворешна политика кон соседна Русија која се потпираше на дипломатија. Но, по почетокот на руската инвазија на Украина, Нинисто, кој на овие избори по два претседателски мандата веќе не смееше да се кандидира,ја одведе својата земја во НАТО.

Сите претседателски кандидати во Финска овојпат најавуваа остар курс кон владата во Москва. Стуб во интервју за Ројтерс неодамна изјави дека „политички нема да има никакви односи со рускиот претседател или политичкото раководство на Русија, сѐ додека не биде завршена војната во Украина“. Стуб се залага за подлабока интеграција во НАТО, која би можела да опфаќа и стационирање на трупи на алијансата во Финска.