1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаТурција

Турција: Најмоќната банкарка се пресели кај родителите

ЕМФ | афп
16 декември 2023

Со високите станарини во Истанбул на крај не може да излезе ниту најмоќната банкарка во Турција - Хафизе Еркан се пресели повторно кај родителите!

https://p.dw.com/p/4aFFX
Турција Истанбул
Станарините во Истанбул се многу зголемениФотографија: Chris McGrath/Getty Images

Високите станарини во турската метропола Истанбул се чини ја совладаа дури и најмоќната банкарка во земјата: Хафизе Гаје Еркан, шефица на Турската централна банка, се вратила да живее со своите родители. „Не можевме да најдеме сместување во Истанбул. Ужасно е скапо. Се сместивме кај моите родители“, вели 44-годишната Еркан во денешното (16.12) интервју за весникот „Хуриет“.

„Дали е можно Истанбул да е станат поскап од Менхетен?“, прашува натаму Еркан во интервјуто.

Пред да биде назначена за шефица на Турската централна банка, Еркан две децении живееше во САД. Таа таму работеше на менаџерски позиции во неколку големи банки, вклучително и Голдман Сакс.

Турција | шефицата на Турската централна банка Хафизе Гаје Еркан
Еркан: Дали е можно Истанбул да е станат поскап од Менхетен?Фотографија: Central Bank of Turkey/Handout/REUTERS

Турција со месеци е зафатена од висока инфлација. Во Истанбул, станарините пораснале за 77,1 отсто во споредба со истиот период лани, покажува студијата на универзитетот Бахчешехир. Како контрамерка, турската влада го ограничи зголемувањето на киријата на 25 проценти. Според експертите, оваа мерка дополнително ја влошила ситуацијата на пазарот, затоа што станоиздавачите сега се обидуваат да се ослободат од своите потстанари со сите средства, понекогаш дури и незаконски, со цел повторно да ги изнајмат недвижностите за цени кои се многукратно повисоки.

Во борбата против инфлацијата, Турската централна банка под водство на Еркан ја зголеми основната каматна стапка за 8,5 проценти - на 40%. Сепак, на овие „мерки за затегнување на монетарната политика“ сега им дојде крајот, изјави Еркан за „Хуриет“.