1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Погребот на Горбачов без светски државници

Марта Вилчински | АРД
3 септември 2022

Во Москва денеска ќе биде погребан поранешниот советски претседател Михаил Горбачов. Рускиот претседател Путин не e таму. Германија ја претставува дипломат.

https://p.dw.com/p/4GNdW
Телото на Горбачов е изложено во величествената сала со столбови во Домот на синдикатите
Телото на Горбачов е изложено во величествената сала со столбови во Домот на синдикатитеФотографија: Sergei Bobylev/Tass/dpa/picture alliance

Владимир Путин не присуствува на погребот на Михаил Горбачов, последниот советски претседател и носител на Нобеловата награда за мир. Распоредот со термини на рускиот претседател тоа не го дозволува, објасни портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Поради тоа, Путин одлучил да се збогува од Горбачов во четвртокот (1.09), пред да замине за Калининград.

Во болницата каде што почина поранешниот советски лидер, Путин, во вторникот вечерта, положи букет темноцрвени рози на отворениот ковчег, застана за момент, се поклони и се прекрсти. Сето тоа не траеше ни 40 секунди.

Русите денеска имаат два часа да се збогуваат од Горбачов. Телото на Горбачов е изложено во величествената сала со столбови во Домот на синдикатите, во непосредна близина на Кремљ.

Русите имаат два часа за збогување од Михаил Горбачов
Русите имаат два часа за збогување од Михаил ГорбачовФотографија: NATALIA KOLESNIKOVA/AFP

Горбачов има поинакво значење во Русија

Сите Руси не гледаат во Горбачов градител на мостови и миротворец. Без „Горби“, како што честопати го нарекуваат на Запад,германското обединувањебеше незамисливо. „Во Германија тој е национален херој, но кај нас не“, вели, на пример, Русинот Николај.

„Западот денес сака економски да нѐ уништи. Горбачов во тоа време тоа успеа да го направи елегантно. Беше кукавица и 'папучар'.“

Никогаш не му го простија распадот на Советскиот Сојуз

До денес, многумина не му го простија фактот што новата политика на Горбачов, заснована на принципите „перестројка“ и „гласност“, беше проследена со колапс на целиот советски систем. За некои, како московјанката Галина, во средината на 1980-тите почнува времето на општествен пресврт.

Михаил Горбачов ќе биде погребан на познатите московски Новодевични гробишта
Михаил Горбачов ќе биде погребан на познатите московски Новодевични гробиштаФотографија: Sergei Bobylev/Tass/dpa/picture alliance

Таа вели: „Штотуку го завршив универзитетот, а потоа дојде новиот, млад шеф на државата и одеднаш зборуваше за слобода. Сите здивнавме, дишевме длабоко, од дното на нашите срца. Имам многу убави спомени во врска со него. Подоцна не секогаш се согласував, но секогаш си попаметен откако нештата ќе поминат.“ На Горбачов не му беше лесно, смета Галина.

„Тој промени многу, и тоа во онаква огромна империја како Советскиот Сојуз. Можете да имате различни оценки, но за историјата тој е важна личност.“

Горбачов не игра речиси никаква улога за помладите

Личност која, сепак, одвај да игра некаква улога во политичката свест на помладата генерација. Случаен минувач во Москва објаснува: „Немам лични сеќавања за него, не сум ни роден во тоа време. Горбачов беше последниот претседател на Советскиот Сојуз. Навистина не можам да кажам повеќе за тоа.“

Поради актуелната политичка состојба на погребот нема светски државници. Единствен кој најави пат за Москва е унгарскиот премиер Виктор Орбан. Унгарското МНР на Твитер напиша дека Орбан сака на Горбачов да му оддаде „последна почест“. Кремљ веднаш соопшти дека не се планира средба на Орбан и Путин.

Погребот на Горачов, исто така, нема официјален статус на државен погреб. Сепак, има почесна стража. Михаил Горбачов ќе биде погребан на познатите московски Новодевични гробишта - покрај неговата сопруга Раиса, љубовта на неговиот живот.