1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

МААЕ почнува со инспекции во Украина

ЕМФ / дпа
1 ноември 2022

По руските обвинувања дека Киев има намера да употреби „валкана бомба“, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) почна со инспекции во Украина.

https://p.dw.com/p/4IuXc
МААЕ ќе ги проверува обвинувањата на Русија за „валкана бомба“
МААЕ ќе ги проверува обвинувањата на Русија за „валкана бомба“Фотографија: D. Candano Laris/IAEA/dpa/picture alliance

Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија би требало да ја завршат својата работа брзо, изјави шефот на МААЕ, Рафаел Гроси. Инспекциите, како што се вели, се вршат на покана на украинските власти. Би требало да се извршат проверки на две локации, на кои, според тврдењата на Русија, наводно се работи на „валкана бомба“. Гроси најавува извештај за инспекциите уште во текот на неделава.

Рафаел Гроси, директор на МААЕ
Рафаел Гроси, директор на МААЕФотографија: Luiz Rampelotto/ZUMA Wire/IMAGO

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина дека работи на „валкана бомба“ и дека сака да ги „прикрие трагите од изградбата“ на ваква бомба. „Валканата бомба“ е конвенционално оружје кое при експлозија ослободува радиокативен, хемиски или биолошки материјал. За разлика од атомската бомба, притоа не доаѓа до нуклеарна верижна реакција.

Владата на Украина жестоко ги демантира руските обвинувања. Киев предупредува дека самата Русија би можела да планира да употреби такво оружје. За време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, германскиот канцелар Олаф Шолц ги опиша руските тврдења како неосновани. Сојузниот канцелар и украинскиот претседател се единствени во ставот дека независните истраги на МААЕ ќе ги отстранат сите сомнежи во врска со тоа, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебештрајт.