Десетици загинати во судири во Мозамбик
26 декември 2024Продолжуваат немирите во африканската држава Мозамбик по спорните избори во октомври. Според полицијата, демонстрантите упаднале во пет затвори. Само од строго обезбедуваниот затвор Матола во главниот град Мапуто беа ослободени околу 1500 затвореници.
„Најмалку 33 лица загинаа, а 15 се повредени кога избувнаа немири во затворот Матола“, изјави полицискиот командант Бернардино Рафаел.
За време на инцидентот од затворот избегале 1.534 лица, но досега се фатени 150, дополни Рафаел.
Мозамбик во моментов доживува ескалација на граѓански немири поврзани со спорните избори во октомври, кои ја проширија власта на партијата Фрелимо.
Опозиционерските групи и нивните поддржувачи тврдат дека изборите биле наместени.
Додека Рафаел ги обвини протестите пред затворот за поттикнување на немирите, министерката за правда Хелена Кида изјави за локалната приватна телевизија Мирамар ТВ дека немирите започнале внатре во затворот и немаат никаква врска со протестите надвор од затворот.
„Судирите кои следеа резултираа со 33 смртни случаи и 15 повредени во околината на затворот“, рече Рафаел на прес-конференцијата.
Министерот за внатрешни работи на Мозамбик во вторникот изјави дека најмалку 21 лица загинале во немирите откако највисокиот суд во земјата во понеделникот ја потврди победата на Фрели.