1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карневалот во Рајнската област во полн сјај

СН/агенции
16 февруари 2023

Десетици илјади луѓе во германските градови Келн, Дизелдорф и Мајнц го прославија почетокот на прочуениот уличен карневал во Рајнската област.

https://p.dw.com/p/4Na01
Карневалистите бурно го прославија почетокот на „Петтото годишно време“ во Келн
Карневалистите бурно го прославија почетокот на „Петтото годишно време“ во КелнФотографија: Rolf Vennenbernd/dpa/picture alliance

Точно во 11 часот и 11 минути во трите големи карневалски упоришта со поздравите „Алаф“ и „Хелау“ започна „жешката фаза“ на карневалската сезона во Рајнската област. Полицијата насекаде беше присутна со големи контингенти. Досега, меѓутоа, нема извештаи за инциденти.

Со маски, песна и танц во Келн беше ознаќен стартот на петтдневната кулминација на карневалските прослави
Со маски, песна и танц во Келн беше означен стартот на петтдневната кулминација на карневалските прославиФотографија: Rolf Vennenbernd/dpa/picture alliance

Во Келн, каде годинава карневалот ја слави својата 200-та годишнина, плоштадите и улиците во центарот на градот, на облачно време, беа преполни со карневалисти. Според полицијата во Келн, во квартот Цилпихер, кој е особено познат по уличниот карневал, имало голем наплив на карневалисти. Поради тоа, уште утрината, биле блокирани повеќе приоди кон квартот.

По повод 200 години од Келнскиот карневал, воз од типот ИЦЕ на Германската железница, имаше крштевање од страна на карневалските предводници. n
По повод 200 години од Келнскиот карневал, воз од типот ИЦЕ на Германската железница, имаше крштевање од страна на карневалските предводници. Фотографија: Horst Galuschka/dpa/picture alliance

Во Дизелдорф и на други места, согласно традицијата на денешниот карневалски ден наречен „Вајберфастнахт“ жените симбололично ја презедоа власта во градските и во општинските собранија. Во Мајнц, на малку магливо време, имаше бројни веселби по повод кулминацијата на карневалските прослави. Според полицијата, неколку илјади луѓе го прославиле плоштадот Шилерплац во главниот град на германската покраина Хесен. 

Карневалската сезона, инаку, почнува на 11 ноември, кога прослави се одржуваат во карневалски сали.

На уличната поворка во Мајнц во понеделник, 20. февруари 2023,  ќе продефилира и ова карневалско возило со критички мотив за рускиот претседател Владимир Путин
На уличната поворка во Мајнц во понеделник, 20. февруари 2023, ќе продефилира и ова карневалско возило со критички мотив за рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: Frank Rumpenhorst/dpa/picture alliance

Уличниот карневал за првпат по две години започна без ограничувања поради коронавирусот. Најважните моменти на таканареченото „Петто годишно време“ во Рајнската област се уличните поворки на таканаречениот „Розенмонтаг“, на кои, во понеделник, 20 февруари, само во Келн, Мајнц и во Дизелдорф се очекуваат стотици илјади посетители.

Секоја година карневалската сезона започнува на 11.11. во 11:11 часот: Поглед на прославата во Келн на 11 ноември 2022 година
Секоја година карневалската сезона започнува на 11.11. во 11:11 часот: Поглед на прославата во Келн на 11 ноември 2022 годинаФотографија: Jöran Steinsiek/IMAGO

Сето ќе заврши во среда на 22 февруари на таканаречената „Среда пепелница“: тогаш вљубениците во карневалот треба да почекаат до 11 ноември наредната година, кога започнува новата карневалска сезона