1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаГлобално

Откриена црна дупка во близина на Земјата

Тагесшау | ЕМФ
5 ноември 2022

Во вселената е откриена црна дупка која е на оддалеченост од само 1600 светлосни години од Земјата.

https://p.dw.com/p/4J6Yb
Илустрација на црна дупка
Илустрација на црна дупкаФотографија: ANU College of Science/dpa/picture alliance

Новооткриената црна дупка, која е поблиску до Земјата од сите досега познати слични феномени, е десетпати поголема од Сонцето. Таа е на оддалеченост од 1600 светлосни години, односно трипати е поблиску од црната дупка за која досега се сметаше дека е на најмала оддалеченост од Земјата, соопшти Карим Ел-Бадри од харвардскиот Центар за астрофизика Смитсониан.

Црната дупка прво беше забележана од евриопската вселенска сонда „Гаја“, изјави Ел-Бадри. Неговиот тим ја следел трагата преку Меѓународната опсерваторија Гемини на Хаваите и ги потврдил резултатите добиени од сондата.

Црната дупка е откриена преку движењата на нејзината придружна ѕвезда. Таа кружи околу црната дупка на отприлика иста оддалеченост како Земјата од Сонцето. За научниците сѐ уште не е јасно како системот се формирал во Млечниот пат. Тој го доби името Гаја БХ1 и се наоѓа во ѕвездената констелација Офиухус (змијоносец, н.з.).