1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Нвидиа стана највредна компанија во светот

ЕМФ | агенции
19 јуни 2024

Американскиот производител на микрочипови Нвидиа стана највредната компанија во светот.

https://p.dw.com/p/4hFDV
нвидиа
Фотографија: picture alliance/CFOTO

Бумот на вештачката интелигенција ја направи американската компанија Нвидиа највредна во светот. Акцијата на производителот на микрочипови се зголеми за 3,5%, со што вредноста на компанијата достигна 3,349 илјади милијарди долари, односно стана нешто повисока од онаа на технолошките џинови Мајкрософт и Епл.

До пред две години Нвидиа на пошироката публика ѝ беше позната пред сѐ како производител на чипови за графички карти за гејминг-компјутери. Полупроводниците на оваа компанија, меѓутоа, се употребуваат и во вештачката интелигенција.

Агенцијата Блумберг пресмета дека со својот марш кон врвот, акциите на Нвидиа станаа акции со најдобри ценовни перформанси во изминатите 25 години. Од појавувањето на берзата во 1999 година, вредноста на акцијата, влучително реинвестираните дивиденди, според Блумберг, се зголеми за 591.078 отсто. Со други зборови, еден долар инвестиран во тоа време сега е претворен во над 5.900 долари.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема