1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиИсланд

Ерупција на Исланд: Лавата уништува куќи во Гриндавик

СН/агенции
15 јануари 2024

По вторпат за четири недели, еруптира вулкан на Исланд. Овојпат ситуацијата е подраматична со оглед дека лавата го зафати и градот Гриндавик каде горат куќи. Населението беше навреме евакуирано.

https://p.dw.com/p/4bEnj
Поглед од главниот град Рејкјавик: Чад се крева над местото на новата вулканска ерупција на исландскиот полуостров Рејкјанес
Поглед од главниот град Рејкјавик: Чад се крева над местото на новата вулканска ерупција на исландскиот полуостров РејкјанесФотографија: Snorri Thor/NurPhoto/picture alliance

Ситуацијата за исландскиот рибарски град Гриндавик станува сè подраматична: неколку куќи веќе се зафатени и уништени од лавата исфрлена од новата ерупција на полуостровот Рејкјанес . Ова во петтата ерупција на југозападниот дел на Исланд од 2021 година наваму и за првпат лавата стигна до некое населено место. Новата ерупција се случи во раните утрински часови во неделата (14 јануари, 2023 година) а по серијата земјотреси во претходната вечер беше издадено предупредување од можнa ерупција и на жителите на Гриндавик и им беше наредено да се евакуираат. 

Во неделата вечерта, блескавата црвена лава продолжи да излегува од две долги пукнатини во земјата, предизвикани од новата ерупција. 

Куќа во Гриндавик почнува да гори откако е зафатена од лавата од новата вулканска ерупција
Куќа во Гриндавик почнува да гори откако е зафатена од лавата од новата вулканска ерупцијаФотографија: Uncredited/AP Photo/picture alliance

Во вонредното обраќање до нацијата во 20 часот, исландскиот претседател Гудни Јоханесон ги повика Исланѓаните да „стојат заедно и да имаат сочувство за оние кои не можат да бидат во своите домови“.

Тој изјави оти „се надева дека ситуацијата ќе се смири, но сѐ може да се случи“.

Премиерката на Исланд Катрин Јакобсдотир на прес-конференцијата пак порача дека „ова е црн ден за Гриндавик и за цел Исланд“, но дека сонцето повторно ќе изгрее.

„Заедно ќе се справиме со овој шок и се што може да дојде. Нашите мисли и молитви се со вас“, изјави Јакобсдотир

Градоначалникот на Гриндавик, Фанар Јонасо, беше особено емотивен, и истакна дека локалното население е е во шок.

Долго очекувана ерупција на вулкан во Исланд

„Веќе не сме само потресени, туку и скршени. Затоа сега треба да ја добиеме поддршката од владата. Знаеме дека нацијата е со нас во ова и сочувствува, но мораме да добиеме широка поддршка и напорно работиме на тоа“, рече тој.

Тој предупреди дека може да има уште куќи кои ќе бидат зафатени и уништени од лавата.

Исландските исто така истакнаа дека ова е најопасната ситуација предизвикана од вулкански закани на Исланд од 1973 година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема