1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Нов заплет по претресот во Финансиската полиција

ДТЗ
28 јули 2022

Бизнисмен од Дебар го пријавил Муареми за три кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење.

https://p.dw.com/p/4En00
Deutschland Justiz Gerichtssaal OLG Karlsruhe
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Нов заплет во случајот со Финансиската полиција, една недела откако истражители од Обвинителството за борба против организиран криминал вршеа претрес во институцијата каде што е директор Арафат Муареми. Само неколку дена откако тој се пожали на  низа недоследности во постапката и испрати претставка против обвинителството со кое раководи Вилма Русковска, против него е поднесена нова кривична пријава. Бизнисмен од Дебар го пријавил Муареми за три кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење. Освен до Русковска, пријавата е адресирана и до републичкиот обвинител Љубомир Јовески, премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за финансии Фатмир Бесими. Ова е втора пријава за Муареми поднесена до Обвинителството.  

Тој во допис до јавноста вели дека во Управата за финансиска полиција очекувале ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите на надзор и контрола активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во институцијата. 

„Јас како директор на Управата за финансиска полиција и вработените во Управата, препознаваме и свесни сме дека овие намерно исценирани и неосновани напади кон нас, доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во зависност од надлежностите на институцијата“, наведува директорот. 

Според Муареми, намерата на овие напади е повеќе од очигледна. „Меѓутоа, во интерес на излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари на ваквите однапред целно смислени напади и сценарија и оставам надлежните институции да постапуваат согласно своите надлежности“, вели тој.