1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милков: Преговорите со Бугарија не се фудбалски натпревар

ДТЗ
29 септември 2022

Според бугарскиот министер за надворешни работи, натпреварот Македонија-Бугарија, како и казната за Алабаковски откриваат структурен проблем со правата на Бугарите

https://p.dw.com/p/4HWdr
парламент Бугарија
Според бугарскиот министер за надворешни работи, натпреварот Македонија-Бугарија, како и казната за Алабаковски откриваат структурен проблем со правата на БугаритеФотографија: nstanev/Fotolia

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, вели дека во Северна Македонија има обиди за еродирање на договорите што го отворија процесот за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. „Се сугерира лажна идеја за ситуацијата. Обидите за слободните толкувања на францускиот предлог и создадената атмосфера не го фаворизираат развојот на процесот“, додава тој.

Според него, она што се случи на фудбалскиот натпревар меѓу Бугарија и Северна Македонија , како и условната казна на пејачот Ламбе Алабаковски, кој го запали бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола, откриваат структурен проблем со правата на Бугарите во Северна Македонија.

„Проблемот е што оваа казна е најлесната можна според македонскиот кривичен законик. Треба да се очекува многу посериозна казна, но ова е одлука на независниот суд во РСМ. И двете дела се престапи од омраза без соодветни казни, кои испраќаат порака до општеството во Северна Македонија и до нас“, истакна Милков во четвртокот.

Тој кратко ја коментираше изјавата на неговиот македонски колега Бујар Османи дека „исходот од преговорите со Бугарија заврши со 3 спрема 1 за нас“, укажувајќи дека е за внатрешна употреба.

„Мислам дека тоа не е фудбалски натпревар и оваа реакција не е многу соодветна “, вели тој.