Загинати и повредени во новиот земјотрес во Турција
20 февруари 2023Турски претставници велат дека најмалку три лица загинале, а над 200 се повредени во новиот земјотрес кој погоди делови од Турција и Сирија. Епицентарот на новиот потрес во Дефне, во провинцијата Турција, регион кој беше меѓу најтешко погодени во земјотресот од 6 февруари. Земјотресот бил почувствуван и во Сирија, Јордан, Кипар, Израел и Египет, а по првичниот од 6,4 степени, следел уште еден со јачина од 5,8 степени. Вкупно биле измерени уште 26 афтершокови.
Голем број згради се урнале во новиот потрес, а под нив има заглавени луѓе. Градоначалникот на Хатај, Луфту Саваш вели дека тоа биле луѓе кои се вратиле во своите домови или се обидувале да ја извлечат покуќнината.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот претпладнето го посети токму регионот на Хатај, и најави дека владата ќе започне изградба на 200,000 нови домови во уништените подрачја од почетокот на следниот месец. Тој рече дека новите градби нема да бидат повисоки од три до четири ката и ќе бидат градени со високи стандарди.