1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

Загинати и повредени во новиот земјотрес во Турција

БГ /АП
20 февруари 2023

Нов земјотрес со јачина од 6,4 степени погоди делови од Турција и Сирија вечерва, две недели по катастрофалниот потрес во кој загинаа 45,000 луѓе. Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени.

https://p.dw.com/p/4NloE
Турција Земјотрес Антакија
Војници пренесуваат повреден човек по земјотресот во АнтакијаФотографија: Berkcan Zengin/REUTERS

Турски претставници велат дека најмалку три лица загинале, а над 200 се повредени во новиот земјотрес кој погоди делови од Турција и Сирија. Епицентарот на новиот потрес во Дефне, во провинцијата Турција, регион кој беше меѓу најтешко погодени во земјотресот од 6 февруари. Земјотресот бил почувствуван и во Сирија, Јордан, Кипар, Израел и Египет, а по првичниот од 6,4 степени, следел уште еден со јачина од 5,8 степени. Вкупно биле измерени уште 26 афтершокови. 

Земјотрес Антакија Турција
Потресена жена по земјотресот во АнтакијаФотографија: Clodagh Kilcoyne/REUTERS

Голем број згради се урнале во новиот потрес, а под нив има заглавени луѓе. Градоначалникот на Хатај, Луфту Саваш вели дека тоа биле луѓе кои се вратиле во своите домови или се обидувале да ја извлечат покуќнината.

Антакија Турција
Човек потресен по земјотресот во Антакија, ТурцијаФотографија: Clodagh Kilcoyne/REUTERS

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот претпладнето го посети токму регионот на Хатај, и најави дека владата ќе започне изградба на 200,000 нови домови во уништените подрачја од почетокот на следниот месец. Тој рече дека новите градби нема да бидат повисоки од три до четири ката и ќе бидат градени со високи стандарди.  

По земјотресот: Кога и надежта ќе умре