1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален светГлобално

Илон Маск бара наследник за директор на Твитер

ЖА / агенции
21 декември 2022

Илон Маск најави повлекување од челното место во Твитер, но само ако најде замена. Мисли ли сериозно?

https://p.dw.com/p/4LGQK
Анкета на Илон Маск - дали да се повлече од функцијата директор на Твитер?
Анкета на Илон Маск - дали да се повлече од функцијата директор на Твитер? Фотографија: Yui Mok/PA Wire/picture alliance

Откако Илон Маск во октомври ја купи социјалната мрежа, во Твитер владее хаос. Сега Маск најавува оставка од функцијата извршен директор, но под услов – прво да се најде негов наследник.

„Ќе се повлечам од директорското место веднаш штом ќе најдам некого кој е доволно улав да ја преземе работата! Потоа ќе ги раководам само серверскиот и тимот за софтвер“, напиша Маск на Твитер.

Во неделата, во одговор на критиките за неговиот раководен стил,  Маск тврдеше дека досега не се нашол наследник кој „вистински би бил заинтересиран да го одржи Твитер во живот“ и  спроведе анкета со прашање:  дали да си даде оставка? Од 17,5 милиони корисници кои учествуваа во изјаснувањето, 57,5 побараа повлекување на Маск од врвот на концернот. Во текот на гласањето, Маск наведе – резултатот ќе го смета за обврзувачки.

Досегашните два месеци откако мултимилијардерот е шеф на Твитер, носат печат на хаос и контроверзи. По низата исклучително спорни одлуки, против 51-годишниот Маск ветрот на отпорот е се` посилен.

Исамото купување на Твитер протече бурно, акцијата Маск ја образложи со желбата за јакнење на слободата на говор. Критичарите меѓутоа стравуваат од натамошно инструментализирање на интернет платформата и ширење на пораки на омраза, подбуцнувања и дезинформации. На Маск не му успеа да ги растера ваквите сомнежи, напротив: со бранот откази за вработените, своеволни промени на правилата и други контроверзни потези предизвика вистински потрес во Твитер и ги уплаши и избрка компаниите кои се рекламираа, најважниот извор на приходи.