1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Камчев може да и ги „помати“ сметките на Захариева за ЕК

ДТЗ
24 септември 2024

Откако Урсула Фон дер Лајен ја номинираше Екатерина Захариева за комесар за старт-ап, истражување и иновации, медиумите објавија неколку проблематични теми кои и штетат на кандидатурата.

https://p.dw.com/p/4l0W6
Екатерина Захариева
Откако Фон дер Лајен ја номинираше Захариева за комесар, медиумите објавија неколку „скелети во нејзиниот плакар“Фотографија: DW/S. Rozanes

Назначувањето на македонскиот бизнисмен Орце Камчев за почесен конзул на Бугарија во Македонија може да и ги помати сметките на бугарската кандидатка за еврокомесар, Екатерина Захариева. Откако шефицата на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција во Стразбур на 17 септември го претстави својот нов тим на еврокомесари и на ресорите со кои тие ќе раководат во следните пет години, на површина испливаа низа прашања и дилеми околу кандидатурата на Захариева за еврокомесарка за истражување и иновации. Од неа се бара да ги расчисти „сенките“ од минатото.  

„Еурактив“ објави дека и испратиле на Захариева список со прашања, од кои некои најверојатно ќе ги постават европратениците за време на нејзиното сослушување следниот месец во Европскиот парламент. Но, не добиле одговори на прашањата за нејзиното минато и покрај извештаите дека играла контроверзна улога во различни периоди додека била на министерски позиции. 

Орце Камчев
Камчев може да и ги „помати“ сметките на Захариева за европски комесарФотографија: DW/P. Stojanovski

Маките на Захариева 

Откако Фон дер Лајен ја номинираше Захариева за комесар за старт-ап, истражување и иновации, медиумите објавија неколку проблематични точки, што укажува на тоа дека таа може да се соочи со тешко сослушување од европратениците. Според „Еурактив“ во 2018 година, кога Захариева беше министерка за правда во кабинетот на Бојко Борисов, Бугарија беше потресена од голем корупциски скандал во врска со нејзиното доделување бугарски пасоши на странци во замена за мито од 5.000 евра. 

ВМРО, коалициска партија во кабинетот на Борисов, наводно, била во центарот на скандалот, иако сè уште не се изречени никакви пресуди. „Еуроактив“ наведува дека друг проблем за Захариева е тоа што во 2019 година, таа предложи да го назначи Јордан (Орце) Камчев, македонски бизнисмен со бугарски пасош, за почесен конзул на Бугарија во Северна Македонија.

„Камчев е најбогатиот човек во Северна Македонија според Форбс  и беше санкциониран од САД за корупција во 2023 година. На крајот, тој не стана почесен конзул, што ќе му дадеше дипломатски имунитет, бидејќи неговото име се споменуваше во други скандали“, наведува медиумот.

„Еурактив“ поставил прашање врз која основа Орце Камчев е предложен за почесен конзул, но и дали Захариева или нејзини блиски имаат бизнис-врски со фирми поврзани со Орце Камчев. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема