1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

„Валкана бомба“: Меѓународни инспектори во Украина

СН/агенции
28 октомври 2022

По настојчивите тврдења на Русија дека Украина произведува „валкана бомба“, меѓународни експерти за атомска енергија треба да извршат инспекции во земјата. Сето на барање на властите во Киев.

https://p.dw.com/p/4Imbr
На почетокот на септември инспектори на МААЕ ја посетија загрозената нуклеарна централа Запорожје во Украина
На почетокот на септември инспектори на МААЕ ја посетија загрозената нуклеарна централа Запорожје во УкраинаФотографија: D. Candano Laris/IAEA/dpa/picture alliance

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека ќе испрати стручњаци на две локации во Украина, за кои Русија наведе оти на нив се одвиваат активности во врска со можно производство на „валкани бомби“.

Гроси во соопштението наведе дека експертите на МААЕ ќе отпатуваат неделава на две локации, кои се под заштита на оваа агенција, по писменото барање на украинската влада.

„Целта на овонеделните посети е откривање на сите можни непријавени нуклеарни активности и материјали во врска со развој на валкани бомби“, се наведува во соопштението.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси
Генералниот директор на МААЕ, Рафаел ГросиФотографија: Joe Klamar/AFP/Getty Images

Како што се наведува, исто така, МААЕ пред еден месец извршила инспекција на една од двете локации и таму не се пронајдени непријавени нуклеарни активности или материјали.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, во телефонски разговор со колегите од Франција и од Турција пренесе загриженост поради „можни провокации од Украина со употреба на валкани бомби“, соопшти во неделата руското Министерство за одбрана.

Западот и Украина ја отфрлија можноста Киев да фрли таква бомба на украинско тло.

„Валканите бомби“ се направени од конвенционални експлозивни средства, но нивното јадро е обвиткано со радиоактивен материјал.