Лавови избегаа од кафез во зоолошката градина во Сиднеј
2 ноември 2022Група лавови изутринава избега од кафезот во зоолошката градина Таронга во Сиднеј, Австралија. Управата издаде предупредување од прв степен и ги засолни на безбедно гостите кои преноќеваат во зоолошката градина. Повикана беше и полиција.
Видео снимките покажуваат како четири лавчиња и еден лав околу 6:30 часот изутрина излегуваат од кафезот. По минувањето на првата бариера, тие сѐ уште се во простор кој е одделен од остатокот на зоолошката градина со ограда.
По преземањето на итни мерки, животните се вратени повторно во кафезот околу 9 часот, соопшти управата на зоолошката градина. Едно од лавчињата морало да добие опивка, а останатите животни сами се вратиле во кафезот. Како што се вели, во инцидентот нема повредени животни, ниту пак луѓе.
Таронга е најголемата зоолошка градина во Сиднеј, во која живеат седум лавови - два возрасни лава и пет младенчиња.